Фотографија од настанот · Градинка Кокиче — Дојран
Децата од „Кокиче“ ја посетија училишната библиотека во Нов Дојран.
Средбата со наставничката беше посветена на книгите, приказните и пишаниот збор.
Децата ги разгледаа и спортската сала и директорската канцеларија.
Децата од градинката „Кокиче“ од Дојран денес ја посетија училишната библиотека во ООУ „Кочо Рацин“ во Нов Дојран, каде што имаа средба посветена на книгите и приказните по повод Месецот на книгата.
Наставничката по македонски јазик Марија Ангова Цветковска им ги доближи книгите, приказните и пишаниот збор на децата.
По средбата во библиотеката, децата го разгледаа училиштето и се запознаа со училишната атмосфера. Ги посетија и спортската сала и директорската канцеларија.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.